Во сообраќајната несреќа која се случила попладнево автомобил излетал од мостот кај кумановската населба Бедиње. Автомобилот паднал од мостот кој од Куманово води кон Лопате и општина Липково. БМВ-то во кое имало 5-мина помлади момчиња од засега непознати причини удрило во оградата на мостот и слетало на автопатската лента која од Скопје и Куманово води кон границата на Табановце и Србија.

Автопатот е блокиран за сообраќај, во тек е увид и утврдување на причините за несреќата.

Извор: Кумановски муабети


