„Уапсете го Путин“, „Милијардерите не ви се пријатели“, „Алјаска е со Украина“ се само дел од транспарентите со кои демонстрантите ги пречекуваат учесниците на самитот Трамп-Путин.

Демонстрантите почнаа да се собираат денес рано утрово пред пристигнувањето на Путин во Анкорејџ, извикувајќи проукраински слогани и барајќи Русија да ги врати 20.000 украински деца што ги киднапираше од воената зона.
Тие, исто така, изразија незадоволство од поканата на Трамп до Путин за средба на американско тло во Алјаска, која некогаш беше руска територија сè додека не беше продадена на САД во 1867 година, објави Н1.
Планирани се најмалку 16 настани низ целата земја, вклучувајќи бдеења, митинзи и откривање на големо украинско знаме во Анкориџ, во знак на протест против претседателот и изразување поддршка за прекин на војната во Украина.



