(ФОТО) Во сообраќајна несреќа камион се преврте кај Бел Камен

На патниот правец Росоман-Прилеп, кај месноста Бел Камен, се случи сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило камион и џип Порше. По сударот камионот остана превртен во каналот покрај патот. Возачите кои се затекнаа на самото место, прискокнаа на помош на возачот на камионот. Пристигна и возило на брза помош, кое се погрижи за повредените.

За причините на сообраќајната несреќа, полицијата врши увид на самото место.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести