Српскиот пејач Драган Којиќ – Ќеба синоќа одржа концерт на стадионот во Лозница, а на сцена му се придружи и неговата идна снаа, хрватската поп-ѕвезда Северина Вучковиќ (43).
Како што пренесува хрватскиот портал „24 сата.хр“ , Северина не можела да ги сокрие емоциите.
Додека Кеба пеел, Севе цело време стоела покрај сцената и разменувала бакнежи со нејзиното момче, 28-годишниот син на Кеба, Игор Којиќ, пренесува српски „Курир“.
Со нив била и сопругата на Кеба, Оља, но и голем број на телохранители кои не дозволувале никој да пријде до сцената. Кеба со Северина ја испеал песната „Срце куца име твоје“, а илјадници обожаватели нивната изведба ја проследиле со овации.
– Првпат сум на концерт на Кеба, жал ми е што не сум бил тука порано – изјавила Северина и својот иден свекор го бакнала во образ.
Тогаш на сцена се појавил и Игор и со Северина одиграле валцер. Пејачката била толку трогната од сето тоа и заплакала.
Севе и Игор се во врска од февруари, а секој слободен момент го поминуваат заедно со тригодишниот син на Северина, Александар, кој пејачката го доби во врската со српскиот бизнсимен Александар Поповиќ.
Извор: .24sata.hr


