(ФОТО)ЕМОТИВНО: Тренерот на ПСЖ во солзи, навивачите титулата и ја посветија на неговата почината ќерка

ПСЖ го освои првиот трофеј во Лигата на шампионите во историјата на клубот, а фановите титулата и ја посветија на ќерката на Луис Енрике, Шана, девојка која почина во 2015 година.

ПСЖ полесно отколку што некој можеше да очекува го совлада Интер (5:0), а по мечот Луис Енрике на трибините виде кореографија на која беше неговата покојна ќерка.

Во 2019 година, Енрике доживеа голема трагедија кога неговата најмлада ќерка Шана Мартинез почина на деветгодишна возраст.

На почетокот на 2019 година, на Шана и бил дијагностициран остеосарком, ретка и агресивна форма на рак на коските. И покрај тоа што пет месеци интензивно се борела со болеста, таа и подлегна на 29 август 2019 година, оставајќи ги Енрике, неговата сопруга Елена Куљељ и нивното семејство уништени од болката.

Во јуни 2019 година, Луис Енрике ја напушти функцијата селектор на шпанската репрезентација со цел да се фокусира на поддршката на својата ќерка за време на нејзиното лекување. И покрај медицинските напори, ракот се покажал премногу агресивен.

Актуелниот тренер на ПСЖ ја сподели потресната вест за смртта на Шана во август 2019 година, заблагодарувајќи им се на сите за поддршката и опишувајќи ја како „ѕвезда“ која го водела нивното семејство.

– Многу ќе ни недостасуваш, но ќе те паметиме секој ден од животот со надеж дека повторно ќе се сретнеме во иднина.

Шпанецот изрази желба да и оддаде почит на Шана доколку парижаните ја освојат Лигата на шампионите, потсетувајќи се во 2015 година кога Шана, тогаш петгодишно девојче, го постави знамето на Барселона во центарот на теренот.

Најчитани вести