Ким Кардашијан можеби го „сруши интернетот“ но нејзината сестра Кендал Џенер е таа која поставува рекорди.
Младата манекенка објавила фотографија на Инстаграм профилот и ги сруши сите рекорди.
На фотографијата, Кендал лежи на подот, додека прамените од нејзината коса направиле неколку срца околу нејзината глава.Иако можеби тоа ниту самата манекенка не го очекувала кога ја објавила, таа сепак за брзо време успеала да собере голем број на лајкови.

Колку на луѓето им се допаднала фотографијата покажува и бројот од 2,5 милиони кои притиснале лајк што и самата фотографија ја направила рекорд на Инстаграм.Со тоа Кендал веќе има и 30 милиони луѓе кои ја следат на оваа социјална мрежа.Пред Кендал, рекордот го држеше нејзината сестра со 2,4 милиони лајкови на фотографијата од венчавката со Канје Вест.


