Илјадници граѓани, претежно млади, се собраа на плоштадот Македонија во Скопје за да оддадат почит на жртвите од трагедијата во Кочани. Со подигнати мобилни телефони и вклучени светилки, симболично испратија порака за солидарност и незадоволство.


Присутните упатија јасни пораки за недоверба во системот, истакнувајќи дека чувството на несигурност станало дел од секојдневието – како на улиците, така и во клубовите.



Атмосферата на плоштадот е мирна и траорна по големата трагедија во Кочани кога 59 лица го изгубија животот, а 196 се на лекување.






