Франк Болен: Клучно е земјоделците да функционираат здружено, има посебни милионски фондови за здруженијата

Скринингот во Брисел и присуството на експертите го користиме максимално за нови информации и можности кои ги нуди високиот буџет на ЕУ во интерес на земјоделците.

Со директорот на Платежната Агенција, Никица Бачовски и Ругова Куртиши, советник во СЕП, разговаравме со Франк Болен, Раководител на сектор за проширување и претпристапна помош за нови можности за повлекување на ЕУ фондови.

Ни беше посочено дека во вакви кризни времиња, како што беше Ковид пандемијата и актуелната војна во Украина клучно е земјоделците да функционираат здружено, односно како групи на производители како што ги нарекуваат во ЕУ. Лидери во овој пристап се Франција, Германија и Италија каде земјоделците се организирани како групи на производители, најмногу во секторите овошје и зеленчук и секторот млеко.

Ваквите групи на производители имаат право на користење на финансиски средства за подобрување на квалитетот на почвата, управување со отпадни води, инвестиции во обновливи извори на енергија и најважно средства за надоместување на загубите при појава на вишок на производството.

Овие средства се пристапни и за македонските земјоделци кои секако најпрво ќе треба да се организираат и соодветно да се регистрираат во МЗШВ следејќи ја постапката опишана во членовите 111 – 120 од Законот за земјоделство и рурален развој.

Ленче Николовска

Извор: Агротим.мк

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести