Фудбалерите на Манчестер Јунајтед добија по два бесплатни билети за финалето на Лигата на Европа

Трошоците за организирање на патувањето на пријателите и роднините на играчите на Манчестер Јунајтед до финалето на Лигата на Европа против Тотенхем во Билбао на 21 мај ќе ги сносат самите ѕвезди на „црвените ѓаволи“, објави Би-Би-Си.

Според изворот, на секој играч му биле дадени по два бесплатни билети за натпреварот. Тие исто така ќе можат да купат уште 10 билети за решавачкиот натпревар.

Раководството на клубот е заинтересирано да се погрижи што е можно повеќе од 15.000 билети доделени на Манчестер Јунајтед да им бидат доделени на навивачите. Во исто време, вработените во клубот нема да добијат бесплатни билети за натпреварот. 

МИА

Најчитани вести