Тројката Меџити, Ибрахими, Касами го возвраќаат ударот на довчерашниот коалициски партнер Арбен Таравари. Висок владин функционер од Вреди за ТВ 24 брифира дека во игра се три опции, фракција на крилото на Таравари, Села и неговото крило на Илинденска број 2, но и Вреди засилена со нови пратеници.
Од тоа која од овие опции ќе ја зациментираат ќе зависи и името на новиот министер за здравство. Според истиот функционер, во крилото на Таравари веќе се издвоила фракција предводена до вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој според висок владин функционер од Вреди дефинитивно останува во Влада, а според најавите ќе го следат и дел од најблиските соработници на Таравари. Доколку тоа се оствари сите позиции на Таравари ќе ги задржи фракцијата предводена од Фетаи, вклучително и министерството за здравство.
Коалициските партнери на Мицкоски, на вториот фронт активно работат Таравари на Илиндеска да го сменат со Зијадин Села, а неговите четворица пратеници да преминат во владејачкиот блок. Според висок функционер од Вреди, иако Села јавно ја отфрла таа опција, вече имал средба со Вреди, а на маса е токму министерската позиција ан таравари и неговите директори. Да го задржи Села во фронтот, но и да го спои со Таравари, според неофицијалните информации работи Али Ахмети.
Последната опција доколу првите две не успеат е новиот министер да стигне до тројката од Вреди, која истиот функционер тврди дека веќе е засилена со 4 пратеници од Европскиот фронт на Али Ахмети.
Дека Вреди апсолутно е посветена на минимизирање на штетата од заминувањето на Таравари, но и да не му остане должна денеска и официјално најави првиот вицепремиер, кој индиректноп ги потврди информациите на ТВ 24,
– Деновиве сме во преговори за повеќе опции не како заменик туку политички опции, ќе видиме како ќе заврши тоа па врз основа на тоа ќе дадеме нов предлог за ресорот здравство. Мислам и на други поединци, групи, политички субјекти кои се надвор од Влен, мислам и на Европскиот фронт кои се опозиција. Со повеќе преговараме ќе ве известиме кога ќе имаме резултатI. Деновиве гледате дека има тензии, има различни размислувања, се отповикуваат видни членови на Алијанса за Албанците и мислам дека грото од членството на Алијанса за Албанците ќе остане во рамките на Влен. – Изет Меџити, прв вицепремиер.
Дека и ВМРО-ДПМНЕ е сигурно дека мнозинството ќе се зголеми синоќа порача во 24 анализа потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, кој најави дека во вторник е биде констартирана оставката на Таравари.
По оставката на Таравари, дел од неговите соработници на фејсбук се оградувата од одлуката за напуштање на Владата, наспроти тврдењето на Таравари дека со ретки исклучоци неговите сопартијци ја поддржуваат одлуката за преминување во опзииција.
извор: 24.mk


