Галатасарај го победи Јувентус и го испрати во Лигата на Европа

Галатасарај пред малку го совлада Јувентус со 1:0 во директниот дуел за пласман во елиминациската фаза на Лигата на шампионите. На тимот од Торино му одговараше и нерешен резултат, кој беше актуелен се до 85 минута кога Снајдер на асистенција на Дрогба го постигна решавачкиот погодок. Овој натпревар се доигруваше денеска затоа што вчера беше прекинат поради невреме. Галатасарај како второпласиран тим во групата продолжува во Лигата на шампионите, а Јувентус како третопласиран во Лигата на Европа. Освен Галатасарај од оваа група како првопласиран, меѓу 16 најдобри се најде и Реал Мадрид кој вчера го победи Копенхаген со 2:0.

Табела Б група: Реал Мадрид 16 бодови, Галатасарај 7, Јувентус 6, Копенхаген 4.

Вечерва се играат натпреварите од последното (6.коло) во групите Е, Ф, Г и Х. Пласман во осминафиналето од овие групи имаат обезбедено Челзи, Барселон и Атлетико Мадрид.

Двојки и табели: Е група: Челзи – Стеауа, Шалке – Базел.
Табела: Челзи 9 бодови, Базел 8, Шалке 7, Стеауа 3.

Ф група: Олимпик Марсеј – Борусија Дортмунд, Наполи – Арсенал.
Табела: Арсенал 12 бодови, Борусија Дортмунд 9, Наполи 9, Олимпик Марсеј 0.

Г група: Атлетико Мадрид – Порто, Австрија Виена – Зенит.
Табела: Атлетико Мадрид 13 бодови, Зенит 6, Порто 5, Австрија Виена 2.

Х група: Милан – Ајакс, Барселона – Селтик.
Табела: Барселона 10, Милан 8, Ајакс 7, Селтик 3.

Почетокот на сите натпревари е во 20 часот и 45 минути.

 

Најчитани вести