Галатасарај заинтересиран за Леао

Турскиот фудбалски гигант Галатасарај е заинтересиран за соработка со напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, објави „Ла Газета дело Спорт“.

Според италијанскиот спортски весник, Галатасарај е подготвен да му понуди на 26-годишниот Португалец договор од 10 милиони евра, а трансферната сума потенцијално се движи од 40 до 50 милиони евра.

Оваа сезона, Леао има 31 настап во сите натпреварувања, постигна 10 гола и три асистенции. 

Договорот на Леао со Милан е до крајот на јуни 2028 година. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 65 милиони евра.

МИА

Најчитани вести