Оклахома го победи Сан Антонио и поведе во финалето на Западната конференција

Оклахома Сити ноќеска го победи Сан Антонио со 127:114 во петтиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА-лигата.

Плејмејкерот на Тандер, Шеј Гилџус-Александар беше најефикасен на натпреварот со постигнати 32 поена. Значаен придонес во победата на домашниот тим имаа и: Карусо (22 поена), Мекејн (20), Холмгрен (16 + 11 скока), Хартенштајн (12 + 15 скока).

Во тимот на Спарс се истакнаа: Касл (24 поени), Шампени (22), Вембањама (20), К. Џонсон (15).

Оклахома Сити поведе со 3:2 во серијата прв до четири победи. Шестиот натпревар ќе се игра на 29 мај на теренот на Сан Антонио.

Во големото финале веќе се пласира тимот на Њујорк. 

МИА

Најчитани вести