Бројните села во Кривопаланечко имаат одлични услови кои се потребни за развој на селскиот туризам: иницијатива на локалните жители, културно наследство, куќи изградени од камен, цркви, природни богатства, реки, шуми, планини, патна поврзаност со бројни угорници и надолници.

Прекрасни селски куќички, зеленило, природа, вода, животински свет – рај.


Јасмина од Станци вели дека со затоплување на времето сè повеќе се чувствува раздвиженоста меѓу луѓето, па така и во нејзиниот двор, речиси да нема викенд а куќата да не е полна со гости.

Доаѓаат најчесто фамилии кои сакаат да поминат неколку часа покрај нивната воденица, воодушевени од тропотот на воденичарските камења кои неуморно ја префрлаат водата и го мелат житото или пак валањето на јамболиите во валавичарицата веднаш до куќата.

Вели дека од руралниот туризам може да се живее, но за сето тоа треба да се има добра волја и многу труд, затоа што специјалитетите кои ги нудат на нивните гости е само од нивно производство.


Село кое привлекува да отидеш и да го видиш е и село Герман во општина Ранковце се наоѓа на надморска височина од над 1500 м, недопрено од природата, мир во душата и празник за очите.



Чистина, мир, спокој и дишење со полни гради – тоа можат да ви го понудат селата овде и затоа н двоумете се дојдете овде и побегнете од градската врева и жешкиот асфалт.


Крива Паланка има села кои изобилуваат со убавини кои што можат да ги почувствуваат само оние што ќе допатуваат овде.


