Генералниот секретар на СЕ: Загрижен сум поради насилните протести, српските власти да го почитуваат правото на мирно собирање

Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, реагираше на тековните протести во Србија.
Осврнувајќи се на протестите во Србија што се одржаа во изминатите неколку ноќи, Ален Берсе напиша на X:
„Загрижен сум по втората ноќ насилни протести во Србија, со десетици повредени. Повикувам на смиреност и почитување на правото на мирно собирање. Српската влада мора да ги почитува стандардите на Советот на Европа. Владеењето на правото и почитувањето на човековите права мора да преовладаат.“ 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет