Целиот свет ја исчекува денешната инаугурација на 45-тиот американски претседател Доналд Трамп. Покрај контроверзниот милијардер ќе стои и неговата сопруга Меланија, а многумина ги интересира што ќе облече за тој историски момент, посебно по свечената вечера на која блесна во златниот фустан.

Меланија Трамп беше апсолутна владетелка на гламурот на свечената вечера во „Јунион стејшн“ воочи свеченоста и инаугурацијата која вчера се одржа на Капитол.
Со својот сопруг, Меланија елегантно влегла во салата во тесен фустан од познатата дизајнерка Рим Акра и на тој начин се потрудила сите погледи да бидат вперени токму во неа.
Либанската дизајнерка со долгогодишна њујоршка адреса надалеку е позната по женствените фустани и венчаници, а имајќи предвид дека Меланија сè уште има беспрекорна манекенска фигура, не било тешко да се одбере идеална креација.
Гламурозниот фустан е од златни светки со долги ракави и со крој „сирена“ при дното. Меланија очекувано блесна на свечената вечер, а исто така останала верна на проверениот рецепт што се однесува на фризурата и шминката.
Пред дизајнерката Акра да се скраси во Њујорк, живееала во Париз и Хонг Конг, а соработката со Меланија не е големо изненадување, бидејќи дизајнерката е семејна пријателка на семејството Трамп долги низа години.
За пристигнувањето во Вашингтон Меланија исто така имала впечатлив стајлинг. Убавата прва дама одбрала елегантен капут од дизајнерката Норисол Ферари, ја пуштила косата слободно да паѓа, со големи очила за сонце од авионот изглегла прво таа па по неа Доналд. Дизајнеракта на американските медиуми им рекла дека капутот во војнички стил бил инспириран од нејзиниот биолошки татко, американски војник кој бил ранет и никогаш целосно не закрепнал.

Од победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори ова е првпат Меланија да се истакне и да се однесува во склад со новата улога на прва дама. Досега целото внимание беше насочено на ќерката на Трамп, Иванка, а таа со својот сопруг Џаред Кушнер ќе му биде десна рака на својот татко.
Иако на свечената вечера Иванка носела елегантен бел фустан со голема црна панделка на грбот и со потпис на Оскар де ла Рента, не успеала да ја надмине гламурозната Меланија.
.jpg)
Фото: Инстаграм


-PICTURED: Donald Trump, Melania Trump, Mike Pence, Karen Pence
-, Image: 311993245, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, INSTAR Images


