Го препознавате ли актерот на фотографијата?! Го прослави 64-тиот роденден

Објјавувајќи црно – бела фотографија од детството на која дува свеќички, славниот актер на посебен начин го одбележа својот 64-ти роденден.

Шпанската филмска ѕвезда Антонио Бандерас завчера го прослави својот роденден, а на Инстаграм сподели две фотографии – црно-бела фотографија на која дува свеќи пред шест децении и онаа од неодамнешната прослава на која исто така дува свеќички.

„Од оваа фотографија до другата поминаа неколку децении. Денес наполнив 64 години и ти благодарен сум за се што преживеав“, напиша актерот во објавата.

Како момче кое растело во Малага, Антонио сакал да биде фудбалер – но, на 14 години го скршил стапалото. Потоа му се приклучил на театарот. Студирал глума на Факултетот за драмска уметност во родниот град, а останатото е историја. Во раните 80-ти, настапувал со театарската група во Шпанија, кога го открил Педро Алмодовар. Во 1982 режисерот го ангажирал во филмот „Лавиринт на страста“ и оттогаш одиграл голем број забележителни улоги.

Најпознат секако е по филмот „Маската на Зоро“ од 1998 година, а со текот на годините продолжи да соработува со Алмодовар и глумеше со Салма Хајек, Мадона, Анџелина Џоли и многу други холивудски ѕвезди.

Откако преживеа срцев удар, последниве години живее во Малага.

Најчитани вести