Неделава ја одбележаа неколку бизнис настани и годишнини на компании кои се членки на Стопанска комора на Северна Македонија.
25 години посветени на успешна приказна која ја обликува дигиталната иднина: Честитки за Nextsense од претседателот Азески и благодарност за Признанието. Остануваме посветени на градење партнерство и доверба во годините што следат, се вели во објавата на СКСМ.

Претседателот на Стопанската комора имаше чест да биде дел од одбележувањето 80 години од основањето на Италијанската република.
Азески со амбасадорот Паоло Палминтери Ambasciata d’Italia in Skopje , по повод одбележување 80 години од основањето на Италијанската република. Честитки и желби за нови, заеднички деловни соработки, кои со децении успешно опстојуваат.

Уште еден настан неделава по повод 70 години постоење на Витаминка АД Прилеп.
Признание од нашата лојална децениска членка, Витаминка АД Прилеп Vitaminka, за долгогодишна успешна деловна соработка за претседателот Азески и Стопанската Комора, по повод 70 години постоење.
Честитки Витаминка за големиот јубилеј и нови успеси на чело со Сашо Наумоски заменик-претседател на Стопанската комора, се вели во објавата на СКСМ.



