„Единствениот пат кон членство во европската Унија се уставните измени, тоа се и последните пораки од ЕУ, нагласи пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21. Лукаревска посочи дека одговорноста сега е кај Владата, но наместо стратегија која ќе го олесни влегувањето во европското семејство, власта свесно го блокира европскиот пат и во јавноста пласира лаги и манипулации.
„Сите сигнали и пораки коишто ги добиваме и од претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, и од извештајот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц кој што се усвои во Комитетот за надворешни работи, и од еврокомесарката за проширување Марта Кос, и од претходни евроамбасадори во нашата држава, како и актуелниот амбасадор Михалис Рокас, сите одат на таа линија, дека ние мора да си ја завршиме домашната задача, односно тоа се носењето на уставните измени и дека тоа е единствениот пат кон ЕУ“, рече Лукаревска.
Во дебатат Лукаревска потсети дека ВМРО пред излажа изборите, тврдеше промена на преговарачката рамка, но по речиси две години на власт се покажа дека излажаа, додавајќи дека преговарачката рамка не е билатерално прашање, туку рамка усвоена од Европската Унија.
„Сега мора да слушнеме која е стратегијата на власта, кои се чекорите, кои се постапките кои што ќе го олеснат нашето влегување во европското семејство. Затоа што слушнавме три изјави од оваа власт: прво дека Преспанскиот договор е круна на една дипломатија, понатаму дека и тоа што сме во НАТО е феноменална работа, и на крајот слушнавме од претседателката на државата дека прашањето за македонскиот јазик, култура и национален идентитет е апсолвирано. Значи тоа се три изјави кои што ги даваат највисоките челници на власта во државата. Тогаш каде е проблемот? Ако, пак, ќе повторам, и Кошта и Марта Кос и Вајц и сите релевантни меѓународни фактори ни велат дека преговарачката рамка не може да се промени“, посочи Лукаревска.
Воедно, Лукаревска нагласи дека реформската агенда, останува клучен предуслов за напредок на државата, а Владата не ги исполни рокови и ветувања за реализација што сама ги постави.
„Реформската агенда е клучна и многу интензивно како политичка партија секојдневно ги броевме деновите. Не од причина што не сакаме да успее таа реформска агенда, туку од причина што слушнавме како опозиција дека имаше изјави од типот дека реформската агенда ќе биде завршена на 1-ви јуни. Тоа ние не го измисливме. Да, знаеме дека треба да заврши до крајот на јуни, меѓутоа преамбициозните најави на власта дека сè ќе биде готово на 1-ви јуни испадна дека сепак недостасуваат уште тие неколку дена до крајот на јуни за да се заврши таа реформска агенда“, рече Лукаревска.
Во дебатата Лукаревска посочи дека треба да се стави крај на политичките манипулации околу европската перспектива, поради што и СДСМ ја отвори иницијативата за референдумско изјаснување на граѓаните.
„Врз основа на тоа за да немаме одредени дилеми и да се правиме поголеми патриоти едни со други, од таму потекнува иницијативата на СДСМ за референдумското прашање, да видиме дали граѓаните се за или против Европската Унија, затоа што сметаме дека навистина евроскептицизмот се намалува. Од друга страна гледаме дека навистина нашите граѓани сакаат да одиме напред, да бидеме дел од едно семејство со кое што ќе имаме и подобро здравство, подобро општество и подобро владеење на правото“, порача Лукаревска.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста


