Мицкоски го претстави изборот на Македонија во Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како „историски успех“ и голема дипломатска победа.
Ова е класичен пример на PR и пропаганда во отсуство на реални резултати.
ЕКОСОК има 54 членки, а секоја година се бираат 18 нови членки за мандат од три години. Тоа е рутинска процедура во рамките на Обединетите нации, а не некој посебен дипломатски подвиг.
Oвој избор е резултат на долгорочна дипломатска работа која ја воделе повеќе влади, а не само актуелната.
Наместо да се фокусира на вистинските приоритети, владата на Мицкоски и Муцунски се обидува да создаде илузија на некаков голем успех преку вакви рутински дипломатски активности.
Вистински успех за Македонија би било почеток на преговори со ЕУ, да се продолжи европскиот пат на земјата.
Тоа би значело реално отворање на можностите, нови инвестиции, подобар животен стандард и перспектива за младите.
Наместо тоа, граѓаните добиваат тригодишен мандат во една комисија на ОН и голема пропагандна кампања.
СДСМ уште одамна порачува: доста е со мачкањето очи.
Владата нема резултати во европските интеграции, затоа се обидува да ги претстави обичните дипломатски активности како големи победи.
Граѓаните не заслужуваат пропаганда – заслужуваат резултати.
Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.
СДСМ Центар за комуникации со јавноста


