Ѓоковиќ: Искажувањето на чувствата не е слабост

За емотивноста во големиот спорт, проговори тенисерот Новак Ѓоковиќ.

– Кога ќе се соочите со тешкотии, особено ако сте маж, ќе ве осудуваат и критикуваат дека сте слаби. Ако се обидете да ги изразите своите чувства, исто така ќе бидете осудени бидејќи споделувањето на чувствата се смета за знак на слабост. Ми се чини дека е обратно. Солзите даваат прекрасно чувство на ослободување, го цитира Ѓоковиќ „Internazionali BNL d’Italia“.

Во мечот од второто коло на турнирот во Рим, Ѓоковиќ го победи Аргентинецот Томас Мартин Ечевери со резултат (7:6 (7:5), 6:2).

Српскиот тенисер во третото коло на турнирот во Рим, за противник ќе го има тенисерот од Бугарија, Григор Димитров. 

Најчитани вести