Откако Григор Димитров објави дека е позитивен за Ковид 19, сите учесници беа тестирани и потврдено е дека се заразени Борна Чориќ, фитнес тренерот на Новак, Марко Паничи, како и тренерот на Бугаринот – Кристијан Грох.
Александар Зверев и целиот негов тим беа негативни на тестот, исто како и Марин Чилиќ и Андреј Рубљев, кои сепак решија да заминат во двонеделна самоизолација.
Новак одби да биде тестиран во Задар, тој дојде во Белград во текот на денот и го изврши тестот во српскиот главен град, а од неговиот тим беше потврдено дека резултатите ќе пристигнат во вторник.
Покрај светскиот број 1, тестирани се и Ѓорѓе Ѓоковиќ, директорот на „Адрија тур“, како и целото семејство на Новак.
Србинот ќе се обрати пред јавноста по добивањето на резултатите од тестот.
]]>


