Водителката на „Охрид фест” Вера Јанковиќ вели дека без хонорар си заминала од Охрид. Според неа, директорот Григор Копров, поради двете грешки кои ги направила, ја казнил, па таа самата требало да си го плати и превозот за Скопје, пишува весникот Вест.
Копров, пак, вели дека и покрај огромните грешки на Вера, кои оставиле дамка на Фестивалот, тој џентлменски ќе го испочитува договорот. Според Копров, Вера добила дел од хонорарот, а остатокот ќе го добие на жиро-сметка во Скопје. Копров го платил таксито на Вера од Скопје накај Охрид, а за враќање обезбедил превоз, кој таа не сакала да го прифати.
Повеќе прочитајте на Вест


