Само неколку часа откако заедно ја пречекале Новата година, Александра Јованова (23) и нејзиното момче Димитар Стојчевски (23) трагично ја завршија својата врска во автомобилот „опел корса“, паркиран во гаражата на семејството Стојчевски. Kобен за двајцата млади бил јаглеродмоноксидот од гасот што согорувал во затворената гаража додека Александар и Димитар спиеле стоплени од студот, пишува Дневник.
– Голема трагедија. Не знам што да кажам. Несфатливо е како ова можеше да се случи. Сите сме потресени. – изјавила пријателка на семејството.Не знам зошто воопшто останале во гаражата. Александра беше како дел од семејството. Немало потреба да се кријат од некого. Зошто мораше ова да се случи- изјавила пријателка на семејството на починатото момче.
Според неа, Димитар само што се вработил како дистрибутер во една фирма за кафе, а Александра се пријавила на конкурсот за полицајци. Двајцата биле во врска повеќе години.
Според соседите на починатото момче, тој и Александра биле на прослава на новогодишната ноќ во стан во Kисела Вода. Утрото околу седум часот се вратиле дома. На враќање, во „корсата“ бил и другар на Димитар, кого го оставиле на една од улиците во Припор. Двајцата продолжиле до домот на Димитар, кој го паркирал автомобилот во малата гаража 30 метри под куќата. Наместо да влезат во куќата, Димитар и Александра останале во автомобилот. Моторот на „корсата“ продолжил да работи за двајцата да се стоплат, но најверојатно заспале. Тоа било кобно за Александра и Димитар, кои се отруле со јаглеродмоноксид од гасот што согорувал од автомобилот.
Kога нивните родители се посомневале зошто ги нема дома, а не се јавувале на мобилните телефони почнала потрагата. Братот на Димитар околу 13 часот влегол во гаражата и ги пронашол двајцата мртви.
На нивните тела немало знаци на насилство, а земена е крв за токсиколошка анализа за да се утврди дали починале од задушување со јаглеродмоноксид или станува збор за труење со друга супстанција, пишува Дневник.
Фото: Press24


