Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на новата ВТА листа има скок од 28 места и се наоѓа на 535.та позиција. Ова за Ѓорческа е најдобар ранг, а се случува по впишаните поените од полуфиналето од претходната недела од фјучрс турнирот во Анталија.
Македонската тенсиерка има нови 6 поени или вкупно 59.
На листата за двојки таа се наоѓа на 422.место и е на чекор до својот најдобар пласман (417 место).
На новиот турнир што се игра во Анталија, Ѓорческа нема да настапи, но затоа откако успешно ги мина квалификациите Магдалена Стоилковска е дел од главниот турнир.
Таа во првото коло ќе игра со Русинката Наталија Орлова.


