Познатиот музичар и член на жирито на „Ѕвезда Гранда“, Ѓорѓе Давид, синоќа доживеа сообраќајна несреќа на граничниот премин Куманово – Табановце . Во несреќата трагично загина жена од Куманово, а рок-музичарот го потврди своето учество во сообраќајната несреќа и ги откри сите детали за тоа како се случила.
Како што дознава Република.рс, Ѓорѓе не сакал ни да тргне на пат, бидејќи чувствувал дека ќе се случи нешто лошо. Извор близок на Ѓорѓе ни раскажа што всушност се случило пред тој да замине на пат.
– На Ѓорѓе воопшто не му се одеше на пат, како порано да имал лошо чувство, рече дека сонувал сообраќајка, не се чувствувал добро после тој сон, баш некако и избегнуваше да тргне – изјави за „Република“ извор близок на Ѓорѓе.
Да потсетиме, Ѓорѓе по сообраќајната несреќа се огласи и откри што всушност се случило, а призна дека со својот автомобил го удрил сопатникот на девојката која учествувала во сообраќајната несреќа.


