Гостивар: 18-годишник нападнат од поголема група, завршил во болница

Вчера Б.М.(18) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 18,30 часот  додека заедно со негова другарка се враќале од училиште, бил запрен од страна на четири лица од кои едното го познавал. По кусата вербална расправија, истите физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото по што заминале, а Б.М. продолжил со движењето. По кратко време на блискиот пешачки мост во Гостивар, го пресретнала поголема група, кои веднаш физички го нападнале, удирајќи го со тупаници и клоци, од кои задобил видливи повреди на главата и загубил свест. Од страна на случајни минувачи му била пружена помош, а веднаш потоа бил пренесен во гостиварската болница за укажување на лекарска помош. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести