Гостивар: Девојка скокнала од хотел, се бори за живот

Помладо женско лице утрово било тешко повредено по пад од четврти кат на хотел во Гостивар. Во моментов таа се бори за живот откако итно е префрлена на скопските клиники.

Во гостиварската полициска станица утрово околу 8 часот било пријавено дека во хотелот „Елита“ во центарот на градот имало несреќен случај, по што нивни екипи излегле на терен. Во моментов трае увид на местото што го води јавен обвинител.

Првично и неофицијално станува збор за дваесет и тригодишна жена од Тетовско, која од вчера е пријавена за исчезната. Мотивите и причините кои довеле до несреќата се’ уште не се познати.

 Извор: Канал77

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести