Во последните неколку дена често се споменува информација дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус. Притоа се споменуваше неговото враќање во Реал Мадрид, но се чини дека сите дилеми се решени. Според денешните извештаи на италијанските медиуми, Роналдо одлучи и знае каде ќе игра во наредниот период.
Напаѓачот Кристијано Роналдо ја гледа својата иднина во Јувентус. Триеесет и петгодишниот напаѓач има намера целосно да го изработи својот договор, со важност до летото 2022 година.
Португалецот има добри односи со раководството на „бјанко-нерите“. Кризата поврзана со прекинување на сезоната поради пандемијата на коронавирус нема да влијае на неговата иднина во Торино.
Роналдо во моментов е во карантин во Португалија, но постојано е во контакт со клубот.
]]>


