Грабул го победи третиот носител на фјучрсот во Загреб

Македонскиот тенисер Димитар Грабул успешно стартуваше на фјучрс турнирот што се игра во Загреб со награден фонд од 15 илјади долари. Тој во првото коло денеска го совлада третиот носител Јанез Семрајц од Словенија со 2:0 во сетови.

Првиот сет Грабул го доби со 6:3, а и во вториот беше поуспешен и тај брекот го реши во своја корист со 7:4 за 7:6 во гемови.

Грабул имаше четири брејка во мечот, а неговиот противник три, но нашиот тенисер освои 82 поени наспроти 66 на противникот.

Во следното коло ривал на нашиот тенисер ќе му биде хрватскиот играч Филип Вегер, кој со 6:1 и 6:4 во сетови го совлада сонародникот Иван Шабанов.

Димитар Грабул ќе настапи и во игра на двојки заедно со Германецот Петер Торебко.

]]>

Најчитани вести