Грабул поразен во второто коло на фјучрсот во Загреб

Најдобриот македонскиот тенисер Димитар Грабул го загуби мечот во 2.коло на фјучрс турнирот во Загреб, што се игра за награден фонд 15 илјади  долари.

Денеска поуспешен од Грабул беше хрватскиот играч Филип Вегер со 2:1 во сетови.

Првиот сет му припадна на Вегер со 6:1 во гемови, а Грабул потоа изедначи добивајќи го вториот сет со 6:3 во гемови. Во решавачкиот сет Вегер беше поуспешен со 6:4.

За пласманот во второто коло македонскиот тенисер ќе освои еден поен.

]]>

Најчитани вести