Грците нудат одмор за багателни цени а туристите бегаат !

Санторини, бисерот на Егејот, ова лето доживува невообичаено празен главен плоштад во Фира, празни базени и мирна сезона што е сè друго освен обична. За прв пат од пандемијата, еден од најпосетуваните острови во Грција доживува сериозен пад на бројот на туристи.

Причината? Земјотресите што го погодија островот претходно оваа година сериозно ја нарушија довербата на посетителите. Многу туристи, особено од странство, одлучија да го заобиколат Санторини оваа година, а туристичката индустрија веќе ги чувствува последиците.

– Бројот на достапни авионски седишта се намали за 26 проценти во споредба со почетокот на годината. За летото се предвидува пад од седум до осум проценти, што може да доведе до вкупно намалување на туристичкиот сообраќај за 10-15 проценти – рече Јанис Параскис, претседател на Здружението на грчки туристички претпријатија (СЕТЕ).

– Моментално бележиме пад од дури 25-30 проценти. Тоа е огромна загуба за дестинација која годишно привлекува повеќе од три милиони туристи, што е 10 проценти од целиот грчки туризам. Не сме сигурни дека Грција може да издржи таков удар – предупредува тој.

Хотелиерите нудат попусти, но ниту тоа не помага

Во обид да ја ублажат штетата, хотелиерите нудат попусти и промоции во последен момент. Иако крузерите сè уште се закотвуваат на островот секој ден – во просек по три брода дневно – бројот на туристи кои престојуваат и трошат пари се намалува.

Не се очекува воведувањето нов данок на крузерите од јули оваа година дополнително да ја влоши ситуацијата – барем не оваа сезона.

Кризата со трошоците за живот дополнително ја влошува ситуацијата

Покрај стравот од земјотреси, островот е погоден и од глобалната криза со трошоците за живот. Туристите кои доаѓаат трошат помалку. Сопствениците на продавници и ресторани сведочат дека ретко кој се одлучува да јаде во ресторан или да купува сувенири, што дополнително влијае на локалната економија, пишува српски Курир.

Најчитани вести