За подготовка ви е потребно:
2 килограма феферонки
1 литар вода
100 милилитри масло за јадење
100 грама сол,
50 грама шекер
по ваш вкус магданос и лук,
500мл алкохолен оцет

Магданосот и лукот исецкајте ги и заедно измешајте. Фефероните во поклопена тава на рингла или во рерна само кратко ги подпечете колку да омекнат, а за тоа време во тенџере ставете да провријат водата, 500 милилитри алкохолен оцет, солта и шеќерот и оставете малку да олади.
Врели феферонките прелијте ги со маслото за јадење, додајте ги веднаш исецканите магданос и лук, залијте со малку од оладениот пресол, измешајте и оставете да постојат околу 5 минути, па дополнете ги теглите.

Затворете ги со капачки теглите, бидејки се сеуште топли завиткајте ги и оставете ги до следниот ден, а потоа, директно во шпајз.. Капачките добро се вакумираат доколку добро се затворат.


