Гркот Зоран: Кој и зошто сакал Зоран Божиновски да биде протеран од Србија?

Во најновиот број на српски „Таблоид“, Арпад Наѓ пишува за македонскиот новинар Зоран Божиновски и како тој во никој случај не можел да биде шпион.

Во продолжение прочитајте што открива Наѓ:

Високиот суд во Нови Сад пред две недели  му одреди екстрадиционен притвор на Зоран Божиновски, новинар, поранешен соработник на „Таблоид“ и член на Здружението на новинари на Србија.

Зоран е државјанин на Република Македонија, потекнува од Куманово, но неговитe две ќерки, сопругата и тој, веќе шест години живеат во Србија, а ќерките завршија средно училиште во Белград.

Божиновски избега од Македонија поради тоа што многу македонски политичари го тужеле за клевети, а не е тешко да се погоди, дека и судовите постојано ги усвојувале тие тужби, казнувајќи го со високи парични казни, кои потоа ги конвертирате во затворски казни.

Зоран, од доволна далечина, постојано ги обвинуваше македонските власти за корупција и криминал, објавувајќи ги со име и презиме, укажуваше кој од политичарите во Скопје ѝ правел зло на државата.

Во моментот кога Божиновски доби постојана работа во „Таблоид“, Дирекцијата за странци во Белград, по налог на Агенцијата за разузнавање, издаде решение со кое на Божиновски му се забранува престојот во Србија, а доби и забрана во наредните две години да може да влезе во Србија.

Со многу напори и разбирање од страна на министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, жалбата на Божиновски беше поништена од повисок орган. Тогашниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, преку неговиот братучед, Божидар Ѓелиќ се обидел Божиновски да го депортира во Македонија и да го ликвидираат .

За повеќе од еден месец, македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, објави дека полицијата уапсила група македонски државјани, кои шпионирале во име на една соседна земја! Станува збор за Грција, иако тоа официјално не е објавено. Меѓу „шпионите“ е и Зоран Божиновски, кој за Грците Македонија ја „шпионирал“ од Белград (?!).

Министерката Јанкуловска е „курсист“ на британската разурнувачка служба, МИ 6, заедно со Фатмир Бесими од Тетово, поранешен министер за одбрана. На министерката ѝ кажуваат од Лондон што да прави, а таа слуша што ќе ѝ се каже.

Да им се суди на „шпионите“, кои наводно работеле за Грција, секако е наразумен потег, во време кога Грција, како членка на Европската унија во секое време може да го блокира, не само членството, туки и постоењето на Македонија. Шпионите не се апсат, туку тие се следат, им се даваат лажни информации, или се апсат да други кривични дела, за да се спречи нивната работа. Процесот во Скопје е „смислен“ во Лондон, со цел век донесе дестабилизација на Балканот.

Српските власти повторно понизно постапија и го уапсија Божиновски. Негова екстрадиција ќе биде голем „шамар“ за суверенитетот на Србија, затоа што за ваков вид на кривични дела, обвинетите не се испорачуваат. А и врапчињата знаат дека процесот во Скопје е монтиран и дека Божиновски со него нема врска.

ИЗВОР: Таблоид

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести