Харис Џиновиќ го одложи концертот поради Халид, веднаш се огласи: „Тој беше пејач кој одбележа една ера“

Пејачот Харис Џиновиќ го одложи својот настап на Јахорина, кој беше закажан за утре. Како што се наведува, концертот е одложен поради смртта на Халид Бешлиќ.

„Концертот е одложен поради тажната вест за смртта на великанот на нашата музичка сцена, Халид Бешлиќ. Како знак на почит кон неговиот лик и дело, беше одлучено да се одложи датумот за да имаме сите можност достоинствено да се збогуваме со човекот кој одбележа генерации“, изјавија од таму.

Харис Џиновиќ се збогува со својот колега со трогателни зборови на својот Инстаграм профил.

„Не знам ни како да го почнам ова, но сигурно знам дека замина еден голем човек, во сите сегменти на голема човечка добрина, другарство и многу убави работи што го красеа…

Тој беше пејач кој одбележа една ера и со најмногу хитови што ќе се паметат засекогаш“, започна Харис и додаде: „Сите сме длабоко тажни поради твојата смрт, како и целата светска јавност што те познаваше… Почивај во мир, мој драг Халиде… Засекогаш твој, Харис Џиновиќ.“

Најчитани вести