Актерот Харисон Форд беше повреден вчера во несреќа на мал авион надвор од Лос Анџелес.
Ројтерс веднаш не можеше да ги потврди информациите на TMZ, каде се вели дека Форд (72) претрпел повеќе повреди на главата и бил однесен во блиската болница на лекување.
“Можеме да потврдиме дека има пад на авион и повреден маж на возраст од 65-70 години. Тој бил пренесен во локалната болница, во стабилна состојба”, изјави портпаролката на полицискиот оддел во Лос Анџелес, Nuria Vanegas.
“Инцидентот бил пријавен во 14:25, а механички дефект на авионот е она што ја предизвикало незгодата”, рече Vanegas.
Извори наведуваат дека Харисон Форд претрпел лацерации и можни фрактури на коските, кои ги опишуваат како сериозни повреди.
Форд, најпознат по улогите во блокбастер филмовите како Star Wars и Индијана Џонс, е долгогодишен авио ентузијаст.


