Хиршер победник на слаломот во Леви

Ланскиот победник во светскиот куп Марсел Хиршер од Австрија триумфираше на денешната слаломска трка што се возеше во Леви. Тој во двете возења имаше време од 1:45.42 минута.

Второто место му припадна на неговиот сонародник Мари Мат, кој имаше заостанување од 62 стотинки, а трет беше Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со заостанување од 93 стотинки зад победникот.

Со денешната победа Хиршер го презеде водство во генералниот пласман со 160 бодови, пред Американецот Тед Лигети со 124. Следниот натпревар од Светскиот куп е во Лејк Луис, Канада на 27.ноември каде ќе се вози спуст.

Најчитани вести