Фотографија на младите момчиња кои уживаат во песочните плажи на Карибите стана хит на сите социјални мрежи и тоа поради пораката која му ја упатија на премиерот на Србија – Александар Вучиќ.
Имено, по повод апелот на српскиот премиер Вучиќ граѓаните на Србија да летуваат во својата земја и со тоа да придонесат за развојот на туризмот, овие момчиња се огласиле од егзотична дестинација, и на песокот напишале: „Вучиќ, извини“.
„Премиерот пред неколку дена рече дека Србите кои ќе летуваат во Србија ќе имаат даночни олеснувања, но, што да правиме, ние сме на Карабите“, напишал еден од нив.
Момчињата од фотографијата, имено, работат на брод и се изненадени од реакцијата во јавноста на фотографијата која ја објавија на Фејсбук.


