Хорор во Пакистан: Загинаа 26 туристи, стотици заробени во автомобилите. Тргнале да видат „многу снег“ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Најмалку 26 лица загинаа откако обилниот снег зароби многу возила во северен Пакистан. Армијата се обидува да ги расчисти патиштата и да ги спаси оние кои се уште се заробени во близина на планинското одморалиште Мури.

Околу 1.000 возила се заглавени на автопатот за време на снежната бура, изјави министерот за внатрешни работи Рашид Ахмед, цитиран од Би-Би-Си.

https://twitter.com/Natsecjeff/status/1479796192888377345

Мури е планинско одморалиште северно од главниот град Исламабад.

Локалните медиуми во петокот објавија дека туристите останале заглавени поради снегот. Повеќе од 100.000 автомобили дојдоа во Мури во последните денови за да ги видат невообичаено обилните снежни врнежи.

https://twitter.com/Natsecjeff/status/1479800807126188044

Посетителите без сместување немале друг избор освен да преноќат во своите автомобили. Социјалните мрежи се преплавени со снимки од возила заробени во снег.

https://twitter.com/Natsecjeff/status/1479786747923992579

Министерот за информации Фавад Чаудри ги повика луѓето да не доаѓаат во Мури во следните неколку дена. Пакистанската метеоролошка агенција најави дека обилните снежни врнежи во областа би можеле да траат до недела навечер.

https://twitter.com/Natsecjeff/status/1479791347020275712

Снегот започнал да паѓа во вторникот вечерта и продолжил во редовни интервали, што доведе до прилив од илјадници туристи, пренесе Ројтерс.

]]>

Најчитани вести