Крушево во престижната група на топ 100 зелени дестинации во светот!
Гордост за Крушево!
Нашиот мал град со големо срце влезе во престижната листа Топ 100 зелени дестинации во светот за 2025 година!
Ова признание од Монпелје, Франција е потврда дека Крушево се движи по вистинскиот пат – развој на туризмот кој ја чува природата, ја почитува историјата и носи нова енергија за иднината.
Оваа награда не е само за општината – таа е за сите вас што верувате, вложувате и ја сакате оваа наша убавина.
Крушево може да биде пример за целиот свет.
Крушево – зелено, одржливо и секогаш инспиративно!
#Kruševo#Top100#GreenDestinations
Благодарност до Швајцарските програми ИМЕ и СИППО за постојаната поддршка и долгогодишната соработка, напиша градоначалникот на Крушево, Томе Христоски на социјалните мрежи.


