На 5. април 2014. година, СОС Детско село Македонија организира Хуманитарна велосипедска тура за децата кои благодарение на СОС Детското село имаат топол дом и родителска грижа. Нашиот младинец Љупчо и неговиот другар Даниел од Бугарија ќе поминат 1700 километри низ шест балкански земји на велосипеди. Целта им е да ги привлечат вниманието и поддршката на јавноста за работата на СОС Детските села, организација под чија закрила обајцата пораснаа. Настанот ќе биде поддржан од Амбасадорот на децата од СОС Детско село –Ламбе Алабаковски, како и од многу наши пријатели, соработници, локалната заедница и медиумите. Повеќе информации за настанот може да најдете на:http://sos.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=211%3A2014-03-12-11-57-26&catid=45%3A2010-10-31-09-49-50&Itemid=1&lang=mk