Актерката Мерјем Узерли, која се прослави по улогата на султанката Хурем од серијата „Величенствениот век“, сними реклама за пелени, иако е во поодмината бременост.
Актерката која во моментот е во шестиот месец на бременоста ја снимила рекламата во Германија, а за 30 секунди табота, таа добила повеќе од половина милион евра.
Во рекламата држи девојче во прегратка, поради што е посебно среќна, бидејќи и самата очекува ќерка.
Таа истакна оти рекламата била корисна за неа, бидејќи научила да менува пелени.
Мерјем во моментот живее во Берлин, но по пораѓањето планира да се пресели во Турција, каде што ќе работи во турската верзија на шоуто „Икс Фактор“.


