Популарната турска актерка Мерјем Узерли, која се здоби со светска слава со улогата на Хурем Султан во историската драма за Сулејман Величествениот, во понеделникот наутро стана мајка . Таа на свет, како што веќе објавивме, донесе ќерка, на која ѝ даде име Лара. Веста за породувањето на Хурем се прошири набрзина преку социјални мрежи. Информацијата ја сподели Хурем лично која преку Фејсбук ја благослови својата штотуку родена ќерка.
Таа преку Фејсбук се заблагодари на нејзините најблиски пријатели, особено на Ана, која цело време била покрај неа за време на породувањето.
-Исто така сакам да му се заблагодарам и на моето семејство, на моите пријатели и на сите вас што ми испративте позитивна енергија и љубов. Ви благодарам многу, напиша Хурем на својот профил.
Терминот за породување на убавата актерка беше 12 февруари, но Лара дојде на свет два дена порано. И само што дојде на овој свет, Лара веќе е предмет на бројни контроверзии кои се шират како шумски пожар. Всушност, станува збор за предомислувањето на таткото на детето, Кан Атеш, кој иако на почетокот не сакаше уште едно дете и ја откачи Мерјем, сега бара втора шанса и бара да ја види Лара. Сакаше да присуствува дури и на породувањето.
Официјално се уште се нема изјаснето, но неодамна даде изјава со која недвосмислено кажа дека нема да се откаже од својата ќерка. Тој може да се повика и на законот за родителските права и да бара да го види своето дете, но откако ќе добие налог од судот. Атеш неодамна изјави и дека сака да учествува во животот на своето дете, да го гледа како расте, да му помогне финансиски или на било кое друго поле.
Сепак Мерјем одби сè од тоа, а во својата одлука имаше поддршка од семејството, пријателите и сите кои знаеја дека тој кога дозна дека актерката е бремена побара од неа да абортира и рече дека нема намера да се занимава со пелени. Мерјем го одби, неговото барање за абортус и тој ја остави, а таа се обиде да се самоубие. За среќа неуспешно.
Атеш се предомисли пред породувањето, можеби поради притисокот на медиумите и обожавателите на Хурем, а можеби и кај него се разбудило татковското чувство.
Засега се знае дека тој нема намера да се откаже од детето и ќе стори сè за да ги добие неговите права. Како ќе го направи тоа, ќе дознаеме деновиве.
]]>


