Хурем се породи- има девојче!

Актерката Мерјем Узерли, на јавноста позната како Хурем султан од серијата Сулејман Величенствениот, на свето донесе здраво девојче кое ќе се вика Лара.

Таа на својот профил на Фејсбук стави фотографија од рачето на нејзиното бебе, а под неа текст во кој му се заблагодарува на Бога што родила жива и здрава ќерка.

race_hurem

-Добре дојде на овој свет, моја најмила Лара Узерли. Му се заблагодарувам на Бога што те испрати и што здрава дојде на овој свет. Му се заблагодарувам на Бога затоа што имав сила да те штитам од првиот момент на раѓањето. Ова е најголем подарок. Им се заблагодарувам на сите мои блиски кои беа крај мене во текот на породувањето и на фановите кои секогаш ми дававте позитивни мисли и љубов. Ви благодарам многу! – пишува Мерјем во својот статус.

]]>

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести