Олимписките игри во Париз официјално беа отворени вчера вечерта со спектакуларна церемонија. За прв пат во историјата на Олимписките игри свеченото отворање се одржа надвор од стадионот, на брегот на реката Сена.
Свеченото отворање беше проследено со неколку гафа.
За време на парадата, спортистите од Јужна Кореја по грешка беа претставени како Северна Кореја, а по реакциите денеска следеше и официјално извинување.

За време на отворањето олимпиското знаме беше обесено наопаку. Тоа беше неправилно фиксирано на јарболот, поради што се издигаше со два прстени нагоре, а не со три, како во класичната верзија.
Само нашите на грешна страна свртени 😂🤦 pic.twitter.com/ynfEYPYEgS
— Карамба Барамба (@karambabaramba) July 26, 2024
При претставувањето на нашата делегација исто така се случи неверојатен гаф.
Нашите преставници се свртеа на погрешна страна од реката додека го вееја знамето и ги поздравуваа насобраните навивачи, па камерите ги снимија одзади.
Присутните на отворањето само се насмеаа, но медиумите од регионот не пропуштија да фатат сеир:

Кaков срам на нашите соседи: Урнебесна сцена на отворањето на ОИ! Делегацијата на Северна Македонија се изгуби во просторот!

ХИТ СЦЕНА НА СВЕЧЕНОТО ОТВОРАЊЕ НА ОИ! Цела планета им се смее на нашите соседи
Сепак, треба да се каже дека не се единствени. Слична грешка направи и делегацијата на Луксембург.


