Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски, денеска е уапсен во Софија. Од МВР велат дека бугарската полиција ги известила дека тој денеска е приведен, по претходно распишана меѓународна потерница од македонските власти.
По апсењето, треба да започне и постапка за екстрадиција од Бугарија.
Спасов е поранешен специјалец од МВР, кој беше осуден за убиството на младиот Нешкоски за време на прославата во Скопје за изборната победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори на 5 јуни 2011 година.
Тој беше осуден на 14 години затвор, а по него се трага од октомври 2019, откако претходно одлежа околу половина од затворската казна. Дека Спасов е во бегство официјално беше потврдено кон крајот на октомври 2019 кога не се врати во затворот „Идризово“ на доизвршување на казната. Тој беше пуштен од затворот поради здравствени причини и потребата од операции.
Извор – 360 степени
]]>


