ИКЕА донираше еден куп плишани играчки на малото мајмунче што го оставила неговата мајка

Малото мајмунче по име Панч, кое било отфрлено од неговата мајка по раѓањето, стана интернет сензација откако пронајде утеха во плишана играчка. Трогателната приказна од јапонската зоолошка градина Ичикава Сити привлече толку големо внимание што реагираше и самата ИКЕА, чиј плишан орангутан стана неразделен придружник на малото макака.


Откако приказната стана вирална, Петра Фаре, претседателка и главен директор за одржливост на ИКЕА Јапонија, ја посетила зоолошката градина Ичикава Сити на 17 февруари. По тој повод, таа донирала голем број нови плишани играчки за да се осигура дека Панч секогаш ќе има извор на утеха.


Градоначалникот Ичикава Ко Танака ја сподели веста на социјалната мрежа X. „Малото мајмунче Панч, кое вредно се бореше да порасне самостојно, стана толку сакано што многумина сега го бодрат кога ќе го видат со неговата плишана играчка, која ја смета за своја мајка. Денес, претседателот на компанијата што ги произведува овие играчки нè посети и донесе огромен број од нив“, напиша градоначалникот.


Реакции од целиот свет
Благодарност беше објавена и на официјалниот профил на градот Ичикава.

„Се надеваме дека донираните плишани играчки ќе продолжат да бидат извор на утеха и ќе му помогнат на Панч постепено да се прилагоди на групата. Ајде сите заедно да продолжиме да го поддржуваме“, се вели во соопштението.

Панч, јапонското макака родено во јули 2025 година, било напуштено веднаш по раѓањето, па затоа негувателите ја презеле грижата за него. Кога се обиделе да го интегрираат со други мајмуни, забележале дека е изолирано и дека групата тешко го прифаќа. На интернет се појавиле снимки на кои се гледаат други мајмуни како го туркаат подалеку.

Бидејќи бебињата мајмуни во природата цврсто се држат за своите мајки, чуварите, за да ја ублажат неговата вознемиреност и осаменост, му дале плишан орангутан. Оттогаш, Панч ретко се одвојува од својата играчка, која ја третира како мајка и ја користи за утеха. Обожавателите на интернет ја нарекле играчката „оран-мама“, а набрзо било откриено дека станува збор за производ од ИКЕА, објави Индекс.хр.

Најчитани вести