Актерките Никол Кидман (57) и Салма Хаjек (58) го привлекоа вниманието на модната недела во Париз кога беа фотографирани како за малку и ќе се скарале на црвениот тепих за време на ревијата на Баленсијага.
Додека Никол и Селма стоеле пред фотографот со Кети Пери (39), имало жестока дискусија дали сите ќе се фотографираат заедно. Тогаш Салма посакала поинаку да се наместат, а Кидман не сакала така, па ѝ ја турнала раката. Еден човек кој стоел во близина за медиумите открил дека Никол ѝ свикала: „Не ме допирај“.
Снимката од инцидентот што се случил пред две недели во француската престолнина денеска за прв пат се појави на интернет и предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.
@gala.fr #salmahayek #nicolekidman #katyperry #balenciaga #tiktokfashion #pfw ♬ Way down We Go – KALEO


