Инцидент на крунисувањето на кралот Чарлс III: Коњ влетал во публиката

За време на денешното крунисување на британскиот крал Чарлс Трети, се случил мал инцидент кога вознемирен коњ влетал во толпата која го следела настанот од лондонските улици.

Според „Sky News“, во инцидентот нема повредени.

Претходно, силниот дожд го отежнал движењето на поворката со коњи што ги јавале припадници на војската и вооружените сили за време на парадата.

Церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс заврши со поздравување и мавтање на членовите на кралското семејство од балконот на Бакингемската палата.

Десетици илјади луѓе се собраа пред палатата за да ја поздрават новата британска кралска двојка.

Надбискупот од Кентербери денеска го круниса кралот Чарлс III, со 360-годишната круна на Свети Едвард додека седеше на престолот од 14 век во Вестминстерската опатија.

Најчитани вести