Ким Кардашијан секојдневно поставува фотографии на своите профили на социјалните мрежи, но посебно вимание привлече најновата фотогрфија.
Имено, Ким се пофали со селфи со миленичката на машкиот род – Моника Белучи. Фотографијата за мошне кратко време собра 600.000 лајкови!.
„Легендата Моника Белучи“, напишала Ким под фотографијата.
Познатите дами се сретнале на премиерата на „Травијата“ во Рим. Убавата 51-годишна Моника во дамски стил со заводлива насмевка на лицето, позирала пред љубопитливите фотографи.
Со дискретна шминка на лицето, косата елегентно собрана во ниска пунџа и со впечатлива огрлица со син скапоцен камен, италијанската аактерка изгледала толку елегантно и женствено.


